Позитивен на коронавирусот е и Крешник Бектеши
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Јули, 2020
Позитивен на коронавирусот е и министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на Фејсбук информира дека е позитивен, но и дека се чувствува добро. Министерот тестот го направил утрово. Неговото семејство исто така се тестирало, но тие се негативни.
„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на ковид-19 тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за ковид-19. Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик! Здравје и среќа за сите“, напиша Бектеши.
Во Македонија има 137 нови заразени од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.