18 Декември, 2025
0.0491

ПОЗИТИВНАТА ИМУНОЛОШКА РЕАКЦИЈА: Ова пресуди Македонија да се одлучи за Оксфордската вакцина

Објавено во: Македонија 24 Август, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Веќе е јасно дека Македонија ќе ја набави Оксфордската вакцина против корона вирусот, а несаканите ефекти и досегашниот учинок до оваа фаза од развојот на вакцината се пресудни за да властите во земјава се одлучат токму за неа, посочува во разговор за Фактор, директорот на Институот за белодробни болести кај децата, д-р. Ангелочо Андоновски, кој истовремнено е и член на Комитетот за имунизација. Тој вели дека Окфордката вакцина е започната почна со првата фаза на тестирање уште во Април 2020 и тоа врз 1077 здрави испитаници, а нивната старосна граница е 55 години и под 55 годишна возраст, за да подоцна како одминуваше првата фаза, во почетокот на втората фаза стигна до бројка од над 10 000 испитаници дури и над 70 годишна возраст, но тестирана е и на 5 деца до 12 годишна возраст.

-По прикажувањето на првичните резултати започна и да се шири веста за нејзината успешност. Нормално како и целата светска јавност, како научната така и широките народни маси почнаа да пројавуваат интерес за оваа вакцина, која сигурно пројави светлина во овие тешки времиња за целиот човечки род. Исто така и Министерството за здравство, здраствените власти, Комисијата за заразни, Комитетот за имунизација беа будно вклучени во целиот процес на развивање на сите вакцини кои даваа некој резултат и беа предмет на дискусии, истражувања и констатации од сите релевантни научни фактори во државата. Она што можеби беше пресудно како за нас така и за многу држави кои веќе направија писмо со намери за испорака на вакцината беше фактот за достапноста до сите информации за учинокот, а и несканите моменти кои ги има вакцината до оваа фаза до која е дојдена, сите тие факти за  вакцината влеваат сигурност и доверба. Фактите говорат дека и во оваа втора фаза во која што е, се уште развојот на вакцината создава позитивна имунолошка реакција, а со тоа и дека по примањето самиот наш имунолошки механизам во нашето тело  ќе ја продолжи борбата со можниот инфект, вели д-р. Андоновски.

Тој истакнува истакнува дека вакцината дека ќе биде наменета за сите возрасти , но начално дури и СЗО и сите релевантни научни фактори, како што вели, посочуваат имнизацијата првично да ги опфати ризичните групи, да ги опфати сите оние кои работаат и се во директен контакт со можно инфицираните.

-Секако дека ќе има работни групи кои точно ќе го определат протоколот и начинот на имунизацијата во нашата држава. Она што секако го очекуваме, сите одговорни и релевантни фактори од како ќе биде дистрибуирана вакцината да определат правилна прераспределба за да се следат препораките на СЗО за да покриеноста даде и имунизациски ефект врз целата популација и да се изгради имун бедем за сите.  Тој алгоритам треба прецизно да биде определен и да се надеваме дека овој пат свеста ќе преовлада и сите ќе сме свесни дека од сите нас зависи решавањето на овој огромен проблем по здравјето и животите на сите нас дури и на нашата иднина, а тоа се децата. Само како факт треба да се знае дека секој е битен во овој ланец на имунизација како и кај сите респираторни вируси и децата се транслатори на сите вируси вклучително и на Ковид 19, па затоа и во одредена фаза ќе бидат вклучени во имнунизацискиот цикус. Искрено се очекува нашето Министерство за здравство и Владата да издејствуваат побрзо пристигнување на вакцината во државата, вели д-р. Андоновски.

Што се однесува до дозите, пак, тој потенцира дека сигурно ако ги следиме препораките на СЗО би требало во Македонија да бидат дистрибиурани вакцини за 20% од вкупното население. Но секако дека сето тоа ќе биде искусно спроведено и утврдено од работните групи.

-Тие ќе бидат надлежни за тоа како, кога и колку население ќе биде опфатено со имунизација  заради правилното стекнување на имунолошкиот одговор за  целата наша популација, а тоа треба да биде и наша заедничка задача за да се избориме со оваа фатална болест. Светот од секогаш војувал со многу голем број пандемии, епидемии и болести и секогаш победувал, но секако со заеднички сили. Овој пат со модерниот медицински подем, сплотено да успееме да немаме толку жртви како што историјата до сега ни покажала , затоа да ја кренеме нашата свест и сега да се бориме со расположливите оружја, но и со ефективните препораки за носење маска, држење дистанца и хигиена на рацете зошто уште еднаш ќе напоменам, Ковид 19 е сеуште тука  постои и зема човечки животи . Како апел до сите граѓани, да успееме заеднички да го издржиме периодот и со голема свест дури пристигне вакцината , да си ја сочуваме нашата иднина – децата, вели д-р. Андоновски во разговорот за Фактор.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери