ПОЗИТИВНИ НАД 20, „МОДА“ ГИ ЗАТВОРИ ДВЕТЕ ФАБРИКИ - од понеделник се тестираат сите 730 вработени
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020
Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе, се затвораат денеска од 14 часот.
Оваа информација за Фактор ја потврди сопственикот на „Мода“ Ангел Димитров.
Раководството на компанијата оваа одлука ја донесе откако вчерашните тестирања на КОВИД-19, направени врз 210 вработени, покажале дека над 20 вработени се позитивни на коронавирусот.
Покрај овие 20, претходно беше утвредено дека уште 12 работници се заразени од КОВИД-19.
„Од тие причини донесовме одлука да ја затвориме целата компанија, односно двете фабрики на ‚Мода', кои работеа во по две смени. Двете фабрики, односно целата компанија сигурно нема да работат до четврток, идната недела“, вели за Фактор Димитров.
Тој нагласува дека од понеделник идната недела, компанијата на свој трошок ќе спроведе тестирање врз сите 730 вработени, односно и на двете смени од двете фабрики.
Потоа во следните денови ќе се очекуваат резултатите, по што компанијата ќе донесе најверојатно одлука, сите оние работници што се негативни, да бидат повикани на работа и да го продолжат производниот процес.
„Ќе ги очекуваме резултатите, и потоа сите оние работници што се негативни, ќе бидат повикани на работа. Но, сосема е извесно дека двете фабрики ќе работат во по сао една смена“, објаснува Димитров за Фактор.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.