Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија
Позитивни тенденции на градежниот пазар и во 2017
Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016 15:04
Македонскиот пазар не недвижности е во поволен период кој го одбележуваат раст на побарувачката на станови, голема понуда на станови и деловни објекти и релаксирани банкарски услови за земање станбени кредити. Ова е генералниот заклучок на учесниците на денешната Прва Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија, која се одржува денеска во организација на првата електронска аукција во Македонија Е-аукција.мк и Knowledge Center.
„Континуираниот раст на расположивиот доход на населението паралелно со стагнацијата на цените на пазарот на недвижности во посткризниот период води кон заклучок дека моќта за купување недвижности во Република Македонија е зголемена“, изјави Анита Ангеловска – Бежоска, вицегувернер на НБРМ.
Анализата на НБРМ покажува дека понудата на станови на македонскиот пазар во изминатите 13 години порасна 10% пришто најизразен е порастот во Скопје и во Полошкиот регион. Цените во посткризниот период во Скопје стагнираат за разлика од периодот пред 2008 година кога бележеа пораст од 62%. Позитивните оценки за пазарот на недвижности, според Бежоска, е податокот дека по 2009 година стапката на пораст на станбените кредити е повисока од општата стапка на кредититирање на населението.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески изјави дека голем напредок на пазарот е се поголемиот број на катастарски услуги да се нудат преку Интернет што ја зголемува транспарентноста и сигурноста на пазарот. Катастар ги охрабрува и поттикнува новите и иновативни платформи каква што е e-aukcija.mk, првата македонска платформа за електронска аукција на недвижности, со кого имаат потпишано договор за соработка.
Позитивни тенденции на градежниот пазар и во 2017 година очекува Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската Комора на Република Македонија.
„Целта на денешната конференција е да ги донесе сите чинители со влијание во секторот на недвижности на едно место, да ги идентификува трендовите и да биде една од алатките со која ќе се постигне поголема транспарентност“, изјави Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




