05 Декември, 2025
0.0316

Позитивни вибрации и на Македонска берза: Историски раст во Њујорк

Објавено во: Економија 25 Март, 2020 10:59

Добивај вести на Viber

Се враќа ли оптимизмот на берзите, ќе биде ли ова пократок удар од првично очекуваниот. Слични прашања си поставуваат берзанските аналитичари од вчера наваму кога индустрискиот индекс на Њујоршката берза Доy Џонс порасна за 11 проценти забележувајќи го најголемиот раст во историјата. Реакцијата таму се должи на најавите дека многу е близу денот кога Конгресот ќе го усвои џиновскиот пакет стимулцаии за борба против економските последици од пандемијата на корона вирусот. Но оптимизам има и на европските берзи, па и на Македонската берза која во последните две недели изгуби голем дел од вредноста. Македонските аналитичари велат дека полека си оди негативниот сентимент и инвеститорите со оптимизам гледаат на ситуацијата. Денеска има раст на цените на македонските акции – но на Македонска берза на сила е ограничувањето цените да можат да пораснат само пет отсто или да се намалат за исто толкав процент.

„Денеска има позитивни движења и на Македонска берза, односно има раст на цените на акциите. Тоа се должи на случувањата на берзите во САД вчера, но и позитивните очекувањата од пакетите кои се најавуваат како стимулации за економиите кои се целосно погодени од ширењето на заразата. Нашите компании имаа добри резултати до сега, ќе имаат последици од кризата, но очекувам по спроведените мерки од Владата веќе третиот квартал да е подобар, вели Васко Митев, директор на Илирика Инвестментс во Македонија.

Тој како исклучително позитивни ветси ги смета случувањата на Њујоршката берза вчера – прво растот бил најголем од големата депресија во 1933 година, но денот завршил со најголем раст некогаш во историјата.

„Има многу позитивни вести и од САД и од Европската централна банка, Германија нуди стимулации, исто и Велика Британија. Затоа очекувам сето тоа да се прелее на сите пазари па и ова. Се чувствува дека бледнее негативниот сентимент. Секако прометот си остана висок, има интерес за купување. Големи беа дисконтите и мислам дека за еден месец се ќе се врати на свое место, вели Митев.

Дел од познавачите велат дека можеби е време и на Макеоднската берза да се тргнат ограничувањата, затоа што така се ограничува растот на акциите, но дел сметат дека може треба да се биде претпазлив.

Фактор пишуваше дека за дури 500 милиони евра паднала вредноста на топ десетте македонски компании на Берзата за нецели три недели.

Александра Томиќ


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември