19 Декември, 2025
0.1180

ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ПА ДУРИ И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА, Славчо Поповски со нова прогноза

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2022 12:28

Добивај вести на Viber

Метерологот Славчо Поповски најавува продор на студена маса, значително заладување, па дури и снег следната недела. 
Стабилно и топло време не очекува до крајот на работната недела, што би требало максимално да се искористи. 
До петок времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Од четврток па се до крајот на неделата ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен и од западен правец. Температурите од денес, а особено од утре до сабота ќе бидат НАТПРОСЕЧНО високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени - појаснува Поповски.
Метеорологот потенцира дека веќе од следната недела ќе се збогуваме со топлите денови и со летото. 
- Веќе од недела, па во текот на следната седмица ќе му кажеме ЗБОГУМ НА ЛЕТОТО со што следува ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ и продор на СТУДЕН ВОЗДУХ од север. Исто така, на повеќе места ќе има и врнежи, а температурите од недела па натаму ќе опаднат дури за 10 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Уште пониски температури барем отсега гледано ќе имаме во текот на следната недела. Не се исклучува можноста со овој продор од север на највисоките планински места на Балканот, но и во Македонија да пристигне и првиот СНЕГ за оваа сезона - вели Поповски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот