ПОЗНАТ ГЕРМАНСКИ ТРГОВСКИ СИНЏИР УКИНУВА РАБОТНИ МЕСТА - еве кои се причините

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2023
Германскиот синџир за малопродажба и печење кафе, Tchibo, со седиште во Хамбург, има намера да укине 300 работни места до крајот на годината.
Раководството не ја исклучи можноста за оставки, а овој потег се одразува и на канцеларијата во Хамбург.
„По значително зголемување на персоналот за време на пандемијата, ќе ги вратиме структурите на нивоата пред корона. Тоа треба да се постигне, на пример, со елиминирање на испразнетите позиции и истекување на привремените договори“, рече портпаролот на компанијата.
Пред само неколку недели, вработените беа известени дека годинава нема да има вообичаено годишно зголемување на платите, пренесува магазинот Феникс.
Групацијата сè уште има околу 7.100 вработени во Германија, заедно со странските операции има повеќе од 11.000 работни места.
Tchibo е 100 отсто во сопственост на Maxingvest холдингот, во кој дел од семејството Херц од Хамбург ги здружи своите акции. Вториот столб на Maxingvest е мнозинскиот удел во производителот од Хамбург Nivea и Dax групацијата Beiersdorf (добри 51 процент), во која е вклучен и производителот на самолепливи филмови Tesa.
Можеби ќе ве интересира
МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ НЕ МУ ГИ ПРОДАДОА АКЦИИТЕ НА „ГОЛЕМИОТ“ - Селаудин Арифи останува газда на 74 отсто од „Жито Караорман“

ЕКСПО СЕКТОРОТ СЕ ВРАЌА ВО ИГРА - значајни успеси после паузата од пандемијата

Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД

Во која европска земја има најмногу слободни работни места?

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ, ГОРИВАТА ИМААТ НОВИ ЦЕНИ - еве кој ќе се израдува, а кој ќе остане рамнодушен

Пелетите остануваат со повластена даночна стапка, како и дигиталните учебници

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет
