Познат идентитетот на Македонецот кој местел натпревари на најелитните фудбалски клубови во Белгија
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2018 10:43
Медиумите од регионот пренесуваат дека извесен Драган Силјаноски е единствениот Македонец во скандалот кој го тресе белгискиот фудбал со местење на резултати на најелитните клубови од таа земја.
станува збор за 44-годишен поранешен фудбалер кој како дефанзивец настапувал за Слога Југомагнат, а потоа започнал интернационална кариера во Белгија како играч на Ројал Антверп.
Тој се сомничи дека перел пари во соработка со криминалната организација одговорна за хаосот во Белгија. Хрватските весници пишуваат дека Силјаноски му бил менаџер на тренерот на шампионот Бриж - Хрватот Иван Леко, кој, исто така, беше приведен, па пуштен по една ноќ во притвор.
Во акцијата во Белгија, Франција, Кипар, Србија и Македонија се испитуваат членови на управи на фудбалските клубови, менаџери на играчи, адвокати, сметководители, златари и новинари.
Центарот на истрагата се случува во Белгија, каде дури осум клубови од првата лига се сомничат за местење.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




