ПОЗНАТ РЕСТОРАН НАПРАВИ ПОТЕГ ЗА ПОФАЛБА: Ги намали цените поради зголемените трошоци, со дополнителен попуст за вработените
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2023 07:55
Ресторанот Мана
во Манчестер, со Мишелин ѕвезда, ги намали цените на своето мени за дегустација
како одговор на зголемените трошоци за живот.
Од 1 ноември, Мана ќе ја намали цената на своето целосно мени од 195 фунти (220 евра) на 175 фунти (200 евра) и ќе понуди дополнителен попуст за оние кои работат во угостителската индустрија.
„Размислувавме колку сме достапни, бидејќи нашата работа не ни значи толку многу ако не можеме да ја споделиме надалеку“, напиша ресторанот на својот Инстаграм профил, пренесува thecaterer.
- Покрај нашите драги гости, размислувавме и со кого друг навистина сакаме да ја споделиме нашата возбуда и брзо решивме дека тоа ќе бидат други кои се занимаваат со угостителство - додаваат тие.
Јадењата на Мана вклучуваат, меѓу другото, остриги со лимета и копар, сладок „коџи крем“ и јоркширски јагоди.
ФОТО: InstagramМожеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




