19 Декември, 2025
0.0459

Познати победниците за светското е-спорт првенство во Индонезија

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2016 15:00

Добивај вести на Viber

Тимот Dark Side во Counter Strike: GO, тимот EON  во League of Legends и Никола Ивановски во Hearthstone се официјалните победници на националните квалификации за светското првенство во е-спорт.

„Интересен е и податокот дека најдобрите од Првата PaynetНационална Лига беа победници и на финалниот квалификациски турнир“,вели Бобан Тотовски, претседател на МеСФ.

Тој додаде дека на натпреварот, во организација на  Македонската е-Спорт Федерација, а со подршка од Seavus, учествуваа 80 учесници, а натпреварите во живо ги следеа повеќе од 4.000 гледачи преку твич каналот на МеСФ.

e-sport 3

Никола Ивановски, победникот од првата лига во Hearthstone, беше победник и на финалниот турнир. Сосема заслужено, со 3:1 го совлада Андреј кој беше финалист на турнирот.

Натпреварите во Counter Strike  и во League of Legends беа неизвесни до крај. Најдобрите македонски тимови, DarkSide и Entity во неизвесен меч во Охрид си ги одмерија силите, но искуството на Nenoи Nightmare, двајата најдобри македонски играчи, го одлучија победникот.Во League of Legends, EON против Mischevious, првата рунда навести дека ќе гледаме тежок натпревар.EON беа пред елиминација, но со одлична стратегијаво самиот финиш, извојуваа победа. Во следните две рунди, EON не дозволија изненадување и најдобриот македонски тим ќе ја претставува Македонија на светското првенство.

Во следниве 30 дена, Македонската е-Спорт репрезентација ќе има подготовки за учество на светското првенство во Џакарта, од 6-ти до 9-ти октовмри 2016 година, каде се очекуваат добри резултати со оглед на квалитетот на играчите.

Според Тотовски, станува збор за мега-популарен спорт кој може позитивно да се искористи за анимирање на младата популација и нивно отргнување од пороците.

e-sport 2

„Нашата стратегија започна да се реализира со формирање на првата официјална македонска е-спорт лига. Во тек се преговори со Агенцијата за Млади и Спорт за признавање на е-спортот како спорт, следејќи ги примерите на Русија, Кореа, Шведска и останатите држави.Меѓу позначајните цели е идејата да се формирае-спорт академија, место каде ќе можат да тренираат нашите играчи и да се врши обука на следните генерации. Исто така, се подготвува и онлајн база, каде ќе бидат евидентирани сите гејмери во Македонија“, објаснува Тотовски.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка