08 Декември, 2025
0.1739

ПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „МИРАНА“ : Удрило гром

Објавено во: Македонија 05 Август, 2025 11:56

Добивај вести на Viber

Пожарот во производствениот погон на фирмата „Аронија“ со брендот BioCosmos е предизвикан како резултат на удар од гром. Нема повредени работници бидејќи во производството на здрава храна не се работи во смени. Громот удрил и покрај громобран и громобранска инсталација на објектот, а пламенот го зафатил скоро целиот дел од фирмата „Аронија“ која е дел од комплексот на велешката фирма ДПТУ „Мирана“, информира Марио Мирсинов  еден од сопствениците и главен менаџер на фабриката „Аронија“ .

Тој појасни дека се изгорени производствениот погон, дел од машините, магацинот за суровини, магацинот за готови производи, како и канцелариските и помошните простории. Мирсинов информира дека привремено фабриката „Аронија“  нема да работи и првично не можеда соопшти коку е направената штета. При тоа, нагласи дека  фабриката „Мирана“ за прозиводство на прехранбени производи, која е во истиот комплекс и која за среќа во несреќа не беше зафатена со пожарот, ќе продолжи со производството.

Според Марио  Мирсинов, громот во фабриката „Аронија“  удрил  покрај громобранот и громобранската инсталација,  а како што го информирале  работниците кои биле на работа во соседниот дел на комплексот  во производствениот погон на „Мирана“, громот удрил околу 19:30 часот. Тие дека нешто дими  во соседниот дел од комплексот и покрај обиколките виделе дури два и пол часа подоцна и веднаш пријавиле кај сопственикот Мирсинов. Тој веднаш пријавил во ТППЕ Велес, нивна екипа веднаш дошла и се вклучила во негово гаснење.

Инаку според информацијата за МИА од ТППЕ Велес, станува збир за објект од 1553 квадратниметри кој бил зафатен со пожарот, а со нивна брза и умешна интервенција спасиле многу и не дозволиле целосно да изгори, воедно спречиле да се прошири и на Фабриката „Мирана“ која е во истиот комплекс на објекти.

Како што појаснија од ТППЕ Велес, тие во 22:07 часот добиле дојава за дим во фабриката „Аронија“ од сопственикот на ДПТУ „Мирана“ во чиј состав е и фабриката „Аронија“ BIO Cosmos или попозната како фабрика за здрава храна.

-Фабриката е во близина на ТППЕ Велес и на местото на пожарот стигнавме во најбрз рок за неколку две-три минути. Кога ја отворивме вратата на огромната хала на Фабриката, пожарот беше во развиена фаза, но со наша брза и умешна интервенција сепак успеавме да спасиме многу  од фабриката „Аронија“ да не изгори целосно, потенцираат од ТППЕ Велес.

Воедно, додаваат, со наша брза и умешна интервенција  успеавме да го локализираме да не се префли и на останатите хали, со што  спречивме да се прошири на Фабриката за прехранбени производи  и маргарин  „Мирана“.

На пожарот првично стигнале  со 2 возила и 5 пожарникари, но поради силината повикале уште свои колеги или  во негово гаснење вкупно се вклучиле  16 пожарникари на ТППЕ Велес со 4 возила, а за дотур на вода добиле помош и од ЈКП „Дервен“. Во гаснење на  пожарот биле вклучени и две специјални пренаменети возила на ДЗС.

Пожарот бил обезбедува и од екипа  на СВР Велес која направил увид.

Пожарот бил локализиран во 4:00 часот утрово, а целосно бил ликвидиран во 6:30 часот. Пожарникарите од терен во станицата на ТППЕ Велес се вратиле во 7:10 часот.

Според информацијата од СВР Велес, синоќа  во 22:20 часот во СВР Велес било пријавено дека во фабрика за прехранбени производи во Велес настанал пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увидот е во тек, информираат од СВР Велес. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак