Познато е колку време коронавирусот останува во вода
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Август, 2020
Научниците открија колку време коронавирусот останува во водата.
Експерти од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор направија истражување за способностите на коронавирусот да живее во вода.
Околу 99,9 отсто од честичките умираат на собна температура на водата за 72 часа.
Времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.
Докажано е дека вирусот во солена вода не се размножува, но може да живее.
Во вода на собна температура 90 отсто од вирусот умира за едно деноноќие, а 99,9 проценти за 72 часа.
Топлата вода доведува до негова потполна деконтаминација и истребување, а во вода со хлор коронавирусот потполно губи способност за одржување.
Со растот на температурата на водата, бројот на живи вирусни честички значајно се намалува, се вели во соопштението.
Русите веќе почнаа да применуваат вакцина, односно неа ја примија најбогатите во земјата.
Во светот сега има скоро 18 милиони инфицирани луѓе од опасниот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.