16 Мај, 2024
0.0273

ТРЕСКАВА ПОДГОТОВКА: Познато каде ќе се сретнат Трамп и Ким

Објавено во: Свет 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

САД и Северна Кореја се договориле за локацијата на самитот меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ин, соопштил секретарот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Трамп и Ким ќе се сретнат за првпат во хотел Капела на островот Сентоса во Сингапур на 12 јуни, објавија од Белата куќа во вторникот преку Твитер.

"Им благодариме на нашите прекрасни домаќини во Сингапур за нивното гостопримство", рекла Сандерс.

Американските и севернокорејските делегати минатата недела се состанаа четири пати во хотелот за да разговараат за логистиката на самитот, при што главната точка на нивната агенда беше да се одреди соодветното место за состанокот.

Сандерс во понеделникот рече дека настанот ќе се одржи во 9 часот по локално време на 12-ти јуни.

Капела е хотел со пет ѕвездички во колонијален стил на Колонијалниот остров, кој може да се пофали со неколку одморалишта, хотели, два терени за голф и тематски парк.

Американски и севернокорејски официјални лица, исто така, разговараа и за неколку други хотели во Сингапур како потенцијални места на самитот, што ќе биде првиот состанок меѓу американските и севернокорејските водачи.

За најдобра опција, првично се сметаше Шангри-Ла, масивна зграда во близина на Орчард-Роуд во центарот на Сингапур, која може да биде високо заштитена, додека обезбедува одличен амбиент. Хотелот беше домаќин на историски самит меѓу кинескиот претседател Цанг Џинпин и тајванскиот лидер Ма Ин-Јуј во 2015 година.

Сентоса е еден од 63-те острови во Сингапур. Неговата област е 500 хектари, на кои се изградени луксузни одморалишта, приватни јахти и терени за голф.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“