22 Ноември, 2024
0.0282

ПРАДА, ГУЧИ, ШАНЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА? Не без „такс фри“, државата незаконски не им го враќа данокот на странците

Објавено во: Економија 30 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија е една од ретките земји во светот во која не се врши поврат на потрошениот Данок на додадена вредност (ДДВ) на лица странци кои немаат постојано живеалиште во земјава, а кои дошле и пазарувале овде. Она што е уште почудно е зошто во земјава не функционира такнареченото „такс фри“ шопингување кога тоа го предвидува Законот за ДДВ. Имено дури 22 години, членот 25 од овој закон предвидува да се врши поврат на овој данок кон физичко лице купувач кое нема постојано живеалиште или привремен престој на територија на Македонија. Толку години или точно од 2000 година сите владеачки гарнитури одлучуваат да се крши законот и враќањето на данокот да не биде овозможен. Од Министерството за финансии и денеска велат дека се прават анализи за ова. Додека тие практично нудат одговори без суштина, многу бизнисмени имаат конкретни анализи колку токму повратот на ДДВ кон странците и штети на државата. Затоа велат, немаме брендови од висока класа како „Прада“, „Гучи“, „Шанел“ кои не би дошле овде оти не можат да егзистираат само од домашни купувачи.

Законот за ДДВ е донесен во 1999 година, а влезе во сила 2000 година. Во овој закон кој и сега е на сила е регулиран повратот на ДДВ.

Имено согласно постојниот Закон за ДДВ е предвидено купувач-физичко лице, кое на територијата на Република Македонија нема постојано живеалиште или привремен престој, да има право на враќање на данокот на додадена вредност за добрата кои се купени во земјата чија вредност надминува износ од 5.000 денари, вклучувајки го и данокот на додадена вредност, кои ги изнесува од земјата пред истекот од третиот месец кој следи по месецот на купување.

Игор Божиновски, сопственик на „Божиновски часовници и накит“ за Фактор вели дека тој лично овој проблем го изложувал на, како што вели, сите гарнитури на власт, министри и премиери.

„Поразително е што ниедна гарнитура не само што не најде сила туку ни воља за да се имплементира делот од законот кој е во сила и поради нечија неактивност или незаинтересираност е сопрен економскиот развој на земјата. Двојно поразително е кога ќе ги сумираме сите трошоци кои владите ги направиле за некој таканаречен „развој“ на туризмот, без ниеден позитивен ефект, а 22 години веќе се откажуваме од девизен прилив од туристи кој може да се движи од 500 милиони евра минимум до неколку милијарди годишно. И ова не е апроксимативно туку е пресметано според бројот на туристички ноќевања помеѓу 2012 и 2015 година и просечната потрошувашка на еден турист во земји од околината на пример Србија, вели Божиновски.

Тој проблемот го поврзува и со неможноста поради такс фри земјава да не е атрактивна за појаки брендови.


„Единствена земја сме каде не постојат брендови од висока класа како „Прада“, „Гучи“, „Шанел“, „Булгари“, „Картие“. Тоа што не се спроведува законот за такс фри е единствената причина поради која тие не се тука, бидејќи таквите брендови во ниедна земја не можат да егзистираат само од домашните купувачи. Можете да замислите каква економска промена би се случила со присуство на такви брендови и туристи кои би доаѓале во Македонија како шопинг дестинација, додава Божиновски.

Од Министерството за финансии, еден месец по поставените прашања за Фактор изјавија дека за ова се уште прават анализи. Не одговорија како се прават анализи кога обврската е законски регулирана.

„Начинот и постапката за начинот на враќање на наведениот данокот на додадена вредност, како и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност се во фаза на изработка и анализи од страна на даночните органи, стои во одговорот.

Во законот, правото на враќање на данокот на додадена вредност не се однесува на минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци како и на производи од тутун.

Инаку во секоја земја е различен минималниот праг кој треба да се потроши за воопшто да се земе повратот. Се разбира во секоја земја и данокот се пресметува по различна стапка, но Фактор ги извади податоците од земјите кои ние најмногу ги посетуваме.

Во Грција минимум потрошената сума за да се земе поврат е 50 евра. Основната стапка на ДДВ таму моментно е 24 отсто. Ако сакате да пазарите во Италија за да си вратите дел од платениот данок треба да се упатите прво во продавница која е такс фри. Таму треба да потрошите минимум 155 евра за да побарате данок, а стапката на ДДВ е 22 отсто.

Во Унгарија, за да добиете поврат треба да потрошите минимум 175 евра во иста продавница и во еден ден. Стандардната стапка на ДДВ во оваа земја е 27 проценти, на храната е 18 отсто, а на лековите и книгите пет проценти. Парите терба да се побараат за 90 дена.

Во Бугарија, минималниот износ што треба да е потрошен изнесува 300 лева или околу 150 евра. Треба да се има една сметка и покрај тоа што можете работите да ги купите во различни денови.

Во Германија пак за да си вратите данок назад треба да имате сметка која не е помала од  50 евра. Таму стапката на ДДВ е 19 проценти, додека на книги и на храна изнесува седум отсто.

Во Австрија минималниот износ за поврат изнесува 75 евра. Стапката на ДДВ во Австрија е 20 отсто.

Словенија им одобрува на странците поврат на ДДВ на купената стока за минимален пазар од 50 евра, додека во Хрватска потребно е да потрошите минимум 67 евра.

Во некои земји парите може да се подигнат и кога повторно ќе се вратите во истата продавница во рок кој варира од држава до држава. 

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат