05 Декември, 2025
0.0314

Практичните вештини кај младите во фокусот на бизнис-заедницата

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2025 14:15

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка на швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“, организираше конференција посветена на унапредување на практичните вештини кај младите и продлабочување на соработката меѓу компаниите, образовните институции и академската заедница.

Целта на конференцијата „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“ беше да отвори суштинска расправа за тоа како стручното и високото образование може да создадат посилен, поконкурентен и подобро подготвен кадар кој му е потребен на реалниот сектор.

Преку панел-дискусии беа споделени искуства, добри практики и предлози за подобрување на практичната обука и јакнење на дуалниот модел на образование.

Настанот го отвори извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев кој истакна уште од 2007 година, Комората го постави развојот на човечкиот капитал и реформата на стручното образование како стратешки приоритет. Комората е вклучена во развојот на дуалниот модел на образование, преку кој младите стекнуваат знаења во училиште, но и вештини во компаниите.

„Овој процес не беше едноставен. Тргнавме од тоа дека треба да се договориме да ги менуваме наставните програми, да се приспособат на потребите на компаниите. Децата да не седат пет дена во неделата во училиште, туку два дена да поминат во некоја компанија за да видат како се работи. Денес над 700 компании се вклучени во дуалниот модел, а 70% од учениците се запишуваат во стручно образование. Кога зборуваме за високото образование и таму ќе треба да се направат исклучително големи промени. Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија и треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи. Ќе останеме со дипломи и без работа. И тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Се надевам дека и Владата има разбирање за тој сегмент, заради тоа што се работи за реформа која досега сме ја немале“, кажа Пешев. 

Потенцираше дека Стопанската комора ќе продолжи да работи на три приоритети: промена на уписната политика во високото образование каде квалитетот на знаењата и компетентноста ќе бидат поважни од квантитетот на студенти, поголемо учество на бизнис заедницата во креирањето и ревизијата на студиските програми за тие да бидат усогласени со реалниот пазар и градење на независно и професионално тело за акредитација и евалуација, кое ќе обезбеди стандарди на квалитет засновани на резултати и релевантност.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во воведното обраќање нагласи дека образованието е заедничка општествена одговорност и Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис-заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини.

„Последниве години изразено сме насочени кон развивање на квалитетни практични вештини кај младите генерации. Моделот на дуално образование се покажа како најдобар и најефикасен механизам преку кој ја остваруваме оваа цел. Денес, околу 700 компании активно се вклучени во обезбедувањето практична настава за учениците и јас ќе речам дека стручното образование во Македонија е всушност силната страна на националниот образовен систем“, рече Јаневска.

Н.Е. Михал Харари, заменик- шефот на мисијата на Швајцарија порача дека Швајцарија е горда што ја поддржува Северна Македонија во зајакнување на соработката помеѓу образовните институции и приватниот сектор, врз основа на сопствениот успешен модел на дуално образование.

„Дуалното образование во Северна Македонија започна пред неколку години како пилот иницијатива, и веќе прерасна во препознаен пристап од којшто придобивки имаат како учениците и студентите, така и приватниот сектор. Со поддршка од Швајцарија, принципите на партнерство со приватниот сектор и практична обука кои се покажаа успешни во средното стручно образование, веќе се применуваат и во високо образование“, истакна Харари.

Во рамки на конференцијата беше нагласено и дека е потребна поголема интеграција на високото образование со реалниот сектор, преку создавање студиски програми усогласени со барањата на бизнисот.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници