19 Декември, 2025
0.0416

PRASHALNIK.MK, нова платформа за онлајн истражувања која им овозможува на граѓаните да заработат преку пополнување анкети

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2016 12:53

Добивај вести на Viber

Следејќи го се поголемиот развој на дигиталните медиуми и новите трендови во пазарните истражувања, Агенцијата Маркет Висион од Скопје го формираше онлајн панелот за истражувања Прашалник, достапен на www.prashalnik.mk, каде сите оние што се заинтересирани ќе можат бесплатно да се регистрираат и да заработат учествувајќи во анкетите кои ќе се спроведуваат преку оваа платформа.

bbbb

Се почесто во светот, онлајн истражувањата поради својата поефикасна и поедноставна форма овозможена од новите технологии, ги заменуваат традиционалните телефонски и теренски анкети со посредство на анкетар. Популарноста на овие истражувања во најголем дел се должи на можноста граѓаните да одговорат на прашалникот во време кога им одговара и да дадат искрен и добро осмислен одговор во врска со нивните навики или пак производите и услугите што ги користат, свесни дека за вложениот труд и потрошеното време ќе добијат соодветен паричен надомест. Од друга страна, компаниите кои сакаат да добијат сознанија за пазарот, или пак поконкретно за нивните производи и услуги со цел да го подобрат своето работење ќе можат да ги добијат информациите побрзо и за пониска цена од традиционалните истражувања.

Онлајн панелот Prashalnik.mk функционира на тој начин што регистрираните корисници на панелот добиваат е-маил порака со покана за учество во истражување и доколку се согласат добиваат линк каде може да пристапат до соодветен прашалник и да го пополнат електронски преку компјутер, таблет или пак мобилен телефон, а за возврат да добијат поени кои што ќе може да ги заменат за подароци или пак за пари.

Сите оние на кои им звучи примамливо можноста да пополнуваат анкети и на тој начин да заработат, можат да добијат повеќе информации и бесплатно да се регистрираат на www.prashalnik.mk.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка