24 Април, 2024
3.0924

Ја разнишаа ли пратениците фотелјата на Мицкоски?

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Малку потврдени информации од партијата, а многу неофицијални ставови го наметнуваат прашањето што се случува во ВМРО-ДПМНЕ, по гласањето во петокот на кое седум пратеници од опозициската партија стиснаа „за“ за уставните измени. Некои извори брифираат дека е јасно оти Христијан Мицкоски ја губи контролата во партијата, па и неговите најблсики соработници полека се вртат против него. Други тврдат дека сите несогласувања се надминуваат брзо, а одлуката на пратениците кои гласаа само е причина плус за внатрешна консолидација. Сепак сите велат дека со сигурност многу прашања се отворени, а деновиве ќе стане јасно како ќе се распоредат силите.

Познавачите кои ги консултираше Фактор не ја исклчуваат можноста што претходно ја најави и премиерот Зоран Заев, дека во следните фази од носењето на уставните измени и други пратеници на партијата ќе се приклучат кон мнозинството.

„Во следните фази можно е и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. Така ќе сеистера процесот до крај. Нужно е да се спушти топката меѓу власта и опозицијата. Морам да кажам дека сликата што ја видов во Парламентот беше доказ дека таму во партијата ВМРО-ДПМНЕ постојат сили кој сакаат да го закочат демократскиот процес и со притисоци и уцени ги сопираат парламентарците слободно да се изјаснат, вели Благој Зашов, дипломат, поранешен амбасадор и потпретседател на Собранието.

Казнување за искажан став

Клучното прашање кое сега се поставува е колку и одговорот на Мицкоски дека е сигурен во своето членство може да биде убедителен како и претходно кога во повеќе наврати пред гласањето тврдеше дека пратениците нема да гласаат за  отварање на Уставот. Она што дополнително создава тензија е дека сценариото предвремени избори засега се трга на страна. Познавачите сметаат дека партијата мора да ги преиспита позициите кои синхронизирано ги добива од меѓународната заедница, чекорите кои ги презема и пораките од членството.

Пратеничката Даниела Рангелова која излезе и гласаше на референдумот во интервју за БИРН пред собраниската дебата рече дека изолирана партија е партија без иднина. Рангелова рече дека по гласањето била изложена на притисоци и закани на социјалните медиуми, но дека никој од партијата тоа не го осудил.

Веднаш по референдумот, Мицкоски најави дека во периодот што следува во партијата ќе има „одредени кадровски поместувања и нови кадровски освежувања во партијата“, што го отвори прашањето дали тоа ќе значи и пресметка со неистомислениците во партијата. Рангелова за БИРН вели дека не е дозволиво казнување за искажан личен став. Инаку веднаш по гласањеето Мицкоски ги исклучи од партијата сите пратеници кои гласаа за уставните измени.

„Јас верувам во партиски освежувања како што тој впрочем ги нарекува, но потенцирам дека притоа треба исклучиво да се води од принципот на добра проценка и избор на квалитетни и прогресивни кадри.  Впрочем, во секое демократско општество и во секоја демократска политичка партија, во никој случај не е дозволиво санкционирање за искажан личен став и мислење по одредени политички состојби или потези, кои не би му се допаднале на раководството. Претседателот Мицкоски согласно Статутот има легитимно право да врши смени и освежувања во партиските органи. Со тимот што ќе го избере, тој треба да ги носи одлуките, но не само тоа, туку тој и одговара за донесените одлуки. Да, носете одлуки, но за нив имате одговорност пред членството на партијата и секако, пред државата“, рече Рангелова во тоа интервју.

Има ли кредибилитет

Дел од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ е категорично дека партијата во иднина ќе биде модерна и европска но дека тоа нема да се случи со актуелното раководство, за кое се тврди дека нема демократски капацитет. Петар Богојески, довчерашен заменик генерален секретар на партијата за Фактор изјави дека исклучувањето на седумте пратеници кои гласаа „за“ е доказ дека ова раководство е полно со гнев и омраза. Вели дека моментно тоа раководство нема кредибилитет да ја води партијата.

„Актот на таканаречено исклучување од партијата покажа две работи. Прво, ова раководство го водат гнев и омраза, себичност и кратковидост, со целосно суспендирање на внатрепартиската демократија. Второ, тоа беше нестатутарна одлука, надвор од пропишана процедура, а со тоа и невалидна. Како и да е, ова раководство самото себе си се делегитимираше и го изгуби целиот кредибилитет да ја води партијата, вели Богојески.

Ѓ.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП