Пратениците молчат колку што молчи Димитровска: Ќе ја разрешат ли претседателката на ДКСК, осомничена за две кривични дела?
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2025 08:10
Ќе ја разреши ли Собранието претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска – Ова прашање се отвори откако за неа, обвинителството поднесе обвинителен акт за кривичните дела Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат. Димитровска, уште откако беше откриено дека за неа се води истрага, се тргна од јавноста, но не даде оставка.
Единственото тело кое може да ја разреши е Собранието. Но, досега пратениците не покажаа никаква акција – молчат исто колку што молчи и претседателката на ДКСК. Тие можат да поведат постапка, па откако ќе биде разрешена, да изберат нов претседател на Комисијата, за таа да продолжи да работи во полн состав.
Без преземање на дејство, Собранието практично ја остава Димитровска да зема плата, а да не работи ништо. Судот претходно одобри мерки на претпазливост со кои и е забрането да работи на предмети, да прима пошта, односно и е забрането се што носи нејзината функција.
Таа е осомничена дека оддавала информации за тоа до каде е постапката „Адитив“ на поранешен директор на А.Д. ЕСМ – нејзин близок пријател кој е осомничен во премдетот. Но, при истражување на нејзиниот мобилен телефон, откриле и фалсификат за положен испит на Димитровска, уште кога била државен ревизор, па доби обвинение и за тоа.
При нејзиниот избор, Димитровска доби највисоки бодови – максималниот број на бодови и ги дадоа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




