Православните верници денеска го слават Бадник
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2022
Православните верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник”.
Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи. Кумови за прославата на Бадник се естрадниот уметник и композитор Александар Митевски и актерот Драган Спасов Дац, а здравичар е Живко Поповски Цветин.
Ќе бидат делени бадникарски гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно.
Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.
Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.
Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Денеска е неработен ден.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.