26 Ноември, 2024
0.0263

ПРЕД КОЛАПС: Во болниците во Белград нема место

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Србија е пред колапс, а во болниците во Белград нема место за заразени со коронавирусот. 

Министерот за здравство Златибор Лончар, предупреди дека утрово во Белград нема слободно место во болниците за пациенти заразени со коронавирус. 

Лончар изјави дека вчера се отпуштени 250 ковид пациенти, но дека 600 морале да бидат примени во болниците во последните 15 часа.

Лончар посочува дека ретко кој систем функционира на таков начин што може да се грижи истовремено за сите граѓани затоа што илјадници луѓе се вклучени секој ден, и дека мора да бидат згрижени пациенти кои не се позитивни, но страдаат од други болести.

Лончар вели дека ситуацијата со короната трае предолго и дека на сите им е јасно дека трпеливоста е помала отколку на почетокот. 

Вели дека без оглед на фактот дека никој не сака да казнува, не може на друг начин да се заштити здравјето и здравствениот систем поради пет проценти неодговорни граѓани.

Во Србија во последните 24 часа има 3.341 случај на зараза, а од пoследиците на вирусот починаа уште 19 пациенти. На респиратор се 151 пациент, а во болница се лекуваат 3.343 пациенти. Во последните 24 часа тестирани се 13.008 луѓе. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕНДВИЧИ И ЈАБОЛКИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: „Ние сендвичарите помагаме колку можеме“ - Вучиќ со работниците

СЕНДВИЧИ И ЈАБОЛКИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: „Ние сендвичарите помагаме колку можеме“ - Вучиќ со работниците

Општа тепачка во српското Собрание

Општа тепачка во српското Собрание

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)