Пред нас се нагли временски промени: Многу топло, па големо освежување
Објавено во: Македонија 20 Август, 2025 06:30
Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од (среда 20 август) па до (петок 22 август) времето во нашата Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе биде стабилно, сончево и значително потопло со температура која ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Во петок (22 август) ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој ќе биде најава за нова поголема промена на времето за време на викендот (сабота и недела 23/24 август) кога ќе има локални врнежи од дожд и значително освежување на времето, односно продор на значително посвежа воздушна маса од север и истата ќе услови да дува повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието.
Детална метео анализа околу оваа промена на времето која ни следува за време на викендот, следува во следните мои метео објави“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




