ПРЕДЛОГ: Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Август, 2020
Комисијата за заразни болести денеска на состанок со претставници на Министерството за образование и наука, предложила учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава.
Повозрасните ученици според предлогот ќе треба да учат од дома.
Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вели дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.
„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи“, додаде Филипче.
Се бара решение за одвивање на образованиот процес во време на пандемија.
За 24 часа во Македонија има 141 заразен пациент со коронавирус.Бројките скоро секој ден се двоцифрени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.