Предлогот на Макрон за кревање на бугарското вето оди во Собрание
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 19:04
Францускиот предлог оди во Собрание.
Премиерот Димитар Ковачевски порача дека Собранието ќе донесе одлука дали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Опозицијата најавува работни групи кои ќе треба да работат на спорните делови од текстот.
ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка со ЕУ. Се предлага во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува да се случи утре. Граѓани четири ден по ред протестираат против францускиот предлог. Францускиот предлог со кој излезе претседателот Емануел Макрон, а потоа и беше ревидиран има за цел да ги реши отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




