19 Декември, 2025
0.1266

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обучувач алармира дека е можна злоупотреба на локалните избори бидејќи ДИК ќе им дозволи да гласаат на оние на кои нема да им се совпадне отпечатокот од прст

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2021 15:10

Добивај вести на Viber

Мирослав Драганов, обучувач, преку својот фејсбук профил, алармира, како што вели, за потенцијална голема злоупотреба на локалните избори што ќе се одржат во недела. 

„ДИК одлучи да им дозволи регуларно да гласаат на сите оние избирачи на кои на денот на изборите отпечатокот од прст (на новиот уред кој ќе се користи на изборниот ден) нема да им се совпадне со личната карта/пасошот т.е. со отпечатокот од прст што соодветниот избирач го оставил во МВР при вадењето на неговите документи за лична идентификација (!?)

Навистина не знам која е позадината за оваа одлука, но она што го знам е дека во ваквите случаи и логично, а и законски е (!!! согласно член 108 став 6 од Изборниот законик) на таквите избирачи да не им се дозволи веднаш да гласаат туку да им се овозможи заштита на избирачкото право преку поднесување приговор и испитување на случајот во тие два часа, па доколку е во ред, тогаш ДИК да му дозволи на таквиот избирач да гласа и да си го оствари своето избирачко право, а доколку не е во ред, тогаш за тоа да поведе соодветна постапка против таквиот избирач.

Ваквиот начин на поднесување приговор е предвиден и за секој оној на кој Уредот ќе му покаже дека веќе гласал, па оттука не знам зошто им се дава право да гласаат на сите оние на кои не им се совпаѓаат отпечатоците???“, пишува на фејсбук Мирослав Драганов.

Според него, ДИК има уште четири дена да ја спречи оваа потенцијална голема злоупотреба наместо непотребно да го усложнува ракувањето со Уредот во оние етапи во кои е тотално небитно и нерелевантно!

Драганов вели дека ова го кажува бидејќи одржалв 21 обука изминативе денови за ракување со Уредот и, каско што потенцира, е добро упатен во проблемите кои може да настанат на терен во недела на изборниот ден.

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти