ПРЕГОВОРИ ВО ТЕК: Можен договор Србија-Косово?
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2018
Косовскиот претседател Хашим Тачи очекува договорот меѓу Србија и Косово да биде потпишан најдоцна до март 2019 година .
Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ вчера имале одделни средби со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред нивната заедничка средба во Брисел .
Косовскиот претседател кажал дека се надева дека за помалку од една година ќе постигне договор за статусот на Косово и други отворени прашања.
„Нормализирани односи се единствениот начин. Тоа треба да се базира на признавањето како на независноста на Косово, така и на сите права на Србите“, рекол тој.
Косовските претставници инсистираат прво да се преговара за енергетика, а дури потоа за формирање на заедница на српските општини, што беше договорено во април 2013 година.
Претседателите на Србија и Косово преговараат во Брисел за целосно нормализирање на односите меѓу двете земји по тримесечна пауза. Средбата е посветена на "отворени прашања како што е формирање заедница на српски општини, енергија и отворање на мостот во Косовска Митровица".
Федерика Могерини, ги организира преговорите.