17 Декември, 2025
0.0812

Преговорите меѓу Македонија и „Стројстрансгас“ за гасоводот кон Неготино се во финална фаза

Објавено во: Економија 30 Јули, 2013 09:05

Добивај вести на Viber

 Во финална фаза се техничките преговори помеѓу руската компанија „Стројтрансгас“ за изградба на Гасоводната делница Клечовце-Штип-Неготино, со крак до ТЕЦ Неготино и АД Македонски енергетски ресурси, вели за Фактор министерот Миле Јанакиески Целата македонска јавност е сведок дека е потпишан договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек - кракот за испорака на гас во Република Македонија.  Со вклучувањето на Македонија во проектот Јужен тек кој  е од исклучително стратешко значење за Република Македонија, проект кој донесува повеќекратна корист, обезбедувајќи енергетска стабилност на државата на долг рок, и обезбедување на доволни количини на гас и понатамошен развој на гасната инфраструктура на Република Македонија“, вели Јанакиески. Тој додава дека Министерството за транспорт и врски веќе склучи договор за јавна набавка на услуга со компанија за изработка на физибилити студија за развој на дистрибутивна мрежа на природен гас во Република Македонија. „Групата на понудувачи Топлификација Инжинеринг Скопје, Градежен институт Македонија и Еуропагас Компанија од Бугарија, со рок за изработка на физибилити студијата кој изнесува 8 месеци, по што следуваат објави. Физибилити студијата треба да послужи за евалуација на можни варијанти за изградба на мрежата по региони или општини на територијата на Република Македонија во однос на референтната и планираната состојба на гасоводниот систем“ вели министерот. Исто така, во моментов се одржуваат разговори за отпочнување на преговори за  постапка за добивање на заем од ЕБОР за изградба на магистрална делница од Националниот гасификационен систем на Република Македонија. „Владата на Република Македонија донесе заклучок со овие средства да се финансира изградбата на делови од магистралните правци во две фази и тоа прва фаза во вредност од 113.230.818 €, која ги опфаќа магистралниот правец од ТЕЦ Неготино – Кавадарци–Прилеп–Битола и РЕК Битола–Кременица-граница со Република Грција, како и магистралниот правец Скопје-Тетово-Гостивар . Во втората фаза, која е во вредност од 145.170.452 € е предвидена изградбата на магистрален правец Хамзали – Ново Село (граница со Република Бугарија) , правецот Гостивар-ТЕЦ Осломеј-Кичево и преостанатиот дел на магистралните гасоводи од Националниот гасоводен систем во Република Македонија. Во однос на  Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за регулирање на обврската на поранешниот СССР по пресметките сврзани со стоковната размена меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ, во финална фаза се техничките преговори помеѓу руската компанија „Стројтрансгас“ предложена од страна на Руската Федерација за изградба на делницата Клечовце-Штип-Неготино, со крак до ТЕЦ Неготино и АД Македонски енергетски ресурси Скопје во државна сопственост“ изјави Јанакиески за Фактор.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас