19 Декември, 2025
0.0532

ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ - надлежните велат има надеж царинска стапка за извоз во САД да се намали на 10 отсто

Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 14:13

Добивај вести на Viber

Американските царини од 15 отсто не се конечни, продолжуваме да преговараме. Преговорите ќе бидат интензивирани во втората половина на август, кога ќе се завршат летните одмори. До крајот на септември ќе видиме која стапка ќе биде дефинирана, а според Министерството за финансии можеме да одиме до 10 проценти, посочи денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Како што истакна Николовски на прес-конференција, Македонија согласно сегашните 15 отсто царини е на ниво на цела ЕУ, додека во Швајцарија, на пример, стапката е 39 отсто.

- Не се конечни тие 15 проценти. Апсолутно бидете убедени дека ова е успех на нашата Влада која во комуникација и перманентни разговори и преговори со администрацијата на претседателот Трамп успеа од 33 да ги спушти на 15 отсто царините, но ова не е конечен договор. 

Преговорите траат и ќе траат, а ќе бидат поинтензивирани во втората половина на август кога ќе се завршат летните одмори. Министерството за финансии е убедено дека можеме да одиме уште подолу, со стапка до 10 отсто. 

Продолжуваме да преговараме, јас сум убеден дека квалитетни луѓе преговараат и ќе видиме до крајот на септември која стапка ќе бдие дефинирана, но за тоа ќе излезат официјално владини претставници и ќе кажат - истакна директорот на Царинската управа.

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. 

Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули.

Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35, од Босна и Херцеговина со 30, а најниска царина ќе има Црна Гора 10 отсто. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот