01 Ноември, 2024
0.1085

Преговорите со Турција за бегалците почнуваат со „заеднички став“, но без „конкретна согласност“

Објавено во: Балкан 18 Март, 2016

Добивај вести на Viber

По пет часа на преговори европските лидери се обединија околу единствена позиција пред денешната средба на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на холандскиот премиер Марк Руте со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Нивната позиција е за прифаќање на варијантата „Еден внатре - еден надвор“ - за секој запрен и вратен мигрант, кој дошол од турска на грчка територија, ЕУ да прима по еден легално регистриран сириски бегалец. Идејата е раселените да се на индивидуална база - да се смета задолжително секој случај поединечно.

Според неименуван висок дипломатски извор, кој „EuRActiv“ го цитира во ЕУ има принципиелна заедничка позиција, но не и разбирање во специфики. Всушност деталите како точно да се прави размената на бегалците ќе бидат дискутирани на денешниот појадок меѓу Туск, Јункер, Руте и Давутоглу. Одделно сите европски лидери ќе добиваат „известување во рок од половина час“ од овие разговори и може да биде свикан нов Совет, ако нема напредок во разговорите со Турција.

Според зборовите на германскиот канцелар Ангела Меркел, ако по денешната средба има конечен договор, тогаш буквално за неколку денови може да започне размената на бегалци. Ниту Меркел, ниту некој друг од европските лидери посочи точен датум, од кој ќе започне процесот. Сепак, треба да има соодветна постапка за сослушување на мигранти кои се наоѓаат во Грција , за да се утврди кој има причина да бара азил како бегалец и кој - не.

Разлики

Некои од европските лидери искажаа сериозни сомнежи за шемата „Еден внатре - еден надвор“. Литванскиот претседател Далија Грубауска предупреди дека таа е на работ на принципите на меѓународното право, а шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој доби посебен мандат да ја претставува државата на советот, бидејќи во Шпанија нема влада, истакна дека за Мадрид најважно е исполнувањето на меѓународните норми.

Либерализација на визниот режим на ЕУ со Турција нема да има, без спроведување од страна на Анкара на сите 72 барања од Брисел. Ова го објави францускиот претседател Франсоа Оланд во првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел за решавање на миграциската криза. Белгискиот премиер Шарл Мишел е на слична позиција, откако исто така побара гаранции.

Позициите пред почетокот на Советот

Бугарија, на пример, побара гаранција дека и бугарско-турската граница ќе се чува така, како и грчко-турската. Софија не се согласува и со укинувањето на шенгенските визи за Турци, ако не се исполнети потребните услови кои важат и за другите. Кипар категорично најави дека пред да се согласи да бидат отворени нови поглавја за членство на Турција, прво се очекува земјата да ги исполни своите обврски, поврзани со процесот на повторно обединување на островот - на пример признавање на кипарската влада и отворање на турските пристаништа и аеродроми за патници и трговија. Сомнежи има и во ефикасноста на шемата за размена на мигранти „Еден внатре - еден надвор“. Европски дипломат рече дека таа не може да биде вечна, а треба да дејствува, додека престане протокот на илегални мигранти кон Грција. Ако се види дека шемата е нефективна, ќе биде запрена, ако е ефикасна - ќе започне доброволното населување. Договорот треба да биде таков што ќе гарантира дека нема да се отворат нови миграциони правци, на пример во Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери