15 Мај, 2024
0.0420

Преку океанот, со авион со два мотори

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Поголемиот дел од меѓународните, прекуокеански, патнички авиони, наскоро ќе имаат два мотора помалку, но тоа е сосема во ред, пишува американскиот сајт „Дејли бист“. Тоа е пораката од новиот договор меѓу Боинг и синдикатот на машински инжинери за конструкцијата на новата верзија на моделот 777 во фабриката во Сиетл. Овој договор, подготвува пазарно зајакнување на боинг 777 и прогласува крај на добата на четворомоторните авиони за лет преку океанот. Беа потребни децении, авио-индустријата да прифати дека авионите со само два мотори се безбедни за прекуокеански летови. Од почетокот на епохата на млазните авиони, 1950-тите години, прописите, од безбедносни причини, бараа, ако еден мотор се расипе над океанот, авионот да може да стигне до копното и да слета - што значеше да има барем два исправни мотори. Затоа сите авиони за долги линии, помеѓу континентите, имаа четири мотори - како боинг 747 и ербас А340, или три - како Мекдонел Даглас МД-11. Меѓутоа, оттогаш, се се променило. Расипување на моторите сега е толку голема реткост, а моторите се многу посилни од претходно, што се смета дека авион со само еден исправен мотор е доволно безбеден да лета дури и повеќе од пет часа до аеродромот. Ниту еднаш не се случило, двомоторен авион, на кој му се расипал еден мотор, да морал принудно да слета на океан. Но, имало летови драматични за патниците - еднаш, на боинг 777 кој летал од Нов Зеланд до Лос Анѓелес, му се расипал мотор над Пацификот и морале да ја преживеат напнатоста од 192 минути до вонредното слетување на Хаваите. Така боинг 777 стана фаворит за нова револуционерна промена: испорачани беа 1.500 авиони од овој тип, а никој во нив не загина, освен минатиот лет во Сан Франциско кога пилотот лошо слета. Со новата, двомоторна верзија на моделот 777, Боинг ќе ја убие побарувачката за својот легендарен модел 747 кој длабоко ја промени индустријата на воздухопловството и стана омилена машина која го помина светот уште во 1970-тите години. Боинг смета дека подобро е сам да го замени својот легендарен модел, отколку тоа да го направи конкуренцијата, пред се Ербас.   A.A.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува