24 Јуни, 2024
0.0252

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“
веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од
20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и
изведувањето,„ Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само
за градба туку и за хумано живеење во урбаните средини.

Ова го истакна Леонид Антиќ, член на управниот одбор на „Гранд Скопје“
кој визијата за „Новото обележје на градот“ и неговото влијание врз
урбанистичкиот развој го претстави пред големиот број на професионалци и
експерти од сферата на недвижностите на Конференција за комерцијални
недвижности што се одржа во Скопје.

„Во проектот се вклучени сериозни интернационални институции како на
пример Европската банка за развој како и Националната банка на Грција
којашто е наш партнер во изработката на нивната нова централа на
Стопанска Банка АД - Скопје во рамки на „Гранд Скопје“. Овие институции
многу сериозно ги сфаќаат целите ESG (Environmental, social and
governance/екологија, социјалa и управување), многу сериозно ги сфаќаат
еко-иницијативите и многу сериозно се придржуваат до нивното
исполнување“, истакна Антиќ на панел-дискусијата „Урбанизам и
урбанистичко планирање“.

Антиќ го презентираше урбаниот парк кој на површина од 7.500 м2 во рамки
на комплексот Гранд Скопје ќе понуди бројни содржини за рекреација и
релаксација, не само за луѓето што ќе живеат таму туку и за целиот град.
Паркот, додаде Антиќ е донација на „Гранд Скопје“ и одличен пример за
успешна соработка помеѓу инвеститорот, Општина Центар и Град Скопје.
„Во интензивна соработка со нашите колеги од општината и од градот,
мислам на урбанистите, макотрпно работевме на целиот проект за да биде
оптимално усогласен со параметрите на оваа градска четврт“, рече Антиќ.

Како што појасни Антиќ, „Гранд Скопје“ е прв проект кој прави
обештетување на граѓани, жителите на Ново маало, за да направи пренамена
на приватно земјиште и да реализира парк.

Заштитата на животната средина и почитување на еколошките стандарди се
одлика и на планирањето и реализацијата на административно-деловниот
објект на Стопанска банка АД – Скопје. Овој проект е во процес на
сертифицирање со престижниот LEED (Leadership in Energy and
Environmental Design/Лидерство во енергетски и еколошки дизајн)
сертификат кој e водечки во одржливото планирање и архитектура.

„Самиот процес за LEED сертификација е многу обемен, голем и сложен.
Интересен е фактот дека кога проектот Гранд Скопје беше проектиран не
бевме воопшто започнати со таа фаза и откако започнавме со градбата
анализите покажуваат дека ние веќе ги исполнуваме тие стандарди“,
истакна архитектот Илија Божиновски, директор на МГ Фешн на
панел-дискусијата „Бизнис згради“ во рамки на Конференцијата.

Божиновски додаде дека овој начин на планирање и градба го позиционира
„Гранд Скопје“ како лидер во регионот.
Конференцијата за комерцијални недвижности Скопје се одржува втора
година по ред во организација на „Фортонмка“. „Гранд Скопје“ беше Prime
Sponsor на овогодинешното издание на Конференцијата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници

А1 Македонија со збогатено портфолио и нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници

Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата

Моќта на брендингот: Само додај Coca-Cola и... уживај во магијата

Скопје ќе биде тропски град на еден ден!

Скопје ќе биде тропски град на еден ден!

ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85 отсто од потребите

ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85 отсто од потребите

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод - граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

Амбасадорите Дејвид Гир и Кшиштоф Гжелчик во Македонски Брод - граѓаните заинтересирани да реализираат проекти со ЕУ-поддршка

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за спортскиот настан за млади- СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за спортскиот настан за млади- СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС.

Со IQOS TogetherX платформата во трката за Токио

Со IQOS TogetherX платформата во трката за Токио

Кој ти брани да купиш Чоколино и да учествуваш во наградна игра?

Кој ти брани да купиш Чоколино и да учествуваш во наградна игра?