20 Мај, 2024
0.0272

Преку „Саемот на книга“ Унгарија ќе ја потврди успешната соработка со Северна Македонија

Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

„Културата е најдобриот начин да ја доближиме Унгарија пред македонскиот народ со кого имаме четврт век успешни билатерални односи, а Саемот на книгата е еден од најзначајните културолошки настани во областа на книжевноста, а секако покрај книжевноста имаме подготевно низа проекти преку кои ќе се претставиме и тоа во областа на музиката, танцот, фотографијата, гастрономијата и научни сознанија.“ - изјавиja од амбасадата на Унгарирја во Република Северна Македонија во пресрет на 31-от Меѓународен саем на книгата.

Во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31-от Меѓународен саем на книгата во Скопје кој ќе се одржува во период од 8. до 14. мај во ВИП Арена Борис Трајковски.  На специјализираниот унгарски  штанд, посетителите ќе имаат можност лично да се сретнат со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов. Покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.

Околу 70 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од ова издание на Меѓународниот саем на книгата. Сите значајни издавачки куќи од земјата ќе земат учество и покрај редовните штандови, имаат подготвено програма која изобилува со промоции, тркалезни маси и настани.

По повод оджувањето на Саемот на книга, во соработка со ЈСП, за полесен пристап на посетителите на Саемот на книга, се воведуваат две нови линии, 100 и 200. Линијата 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сообраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски. Цените на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.

Влезница за Саемот на книга чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари. Работно време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.



Програма на промоции:

ВИП АРЕНА Борис Трајковски


Среда, 08 Мај 2019

12.30 – 13.30

ТРКАЛЕЗНА МАСА/ФЕНИКС

Тема:„Литературата за деца овде и сега“

17.30 – 18.30

ПРОМОЦИЈА/ТРИ

Промоција на книгата Луѓе без минато“ од Ивица Челиковиќ

Четврток, 09 Мај 2019

11.30 – 12.30

ПРОМОЦИЈА и ПРЕТСТАВА/ ТОПЕР

Детска книга „Зебричка“, автори Соња и Бојан Станковиќ

13.00 -14.00

ПРОМОЦИЈА /АРС ЛАМИНА

Промоција на книгата „Самовилата што гледаше во темнината” од Ласло Багоши, Унгарија

15.30 – 16.30

ПРОМОЦИЈА/ФЕНИКС

Промоција на најновите изданија на Феникс и Македонија презент

17.00 -18.00

ПРОМОЦИЈА/ТРИ

Промоција на книгата Како во филм од Винко Модерндорфер

Гостин - Винко Модерндорфер

Промотор: Лидија Димковска

18.00 – 19.00

ПРОМОЦИЈА/АРС ЛАМИНА

Промоција на книгата „Солунска 28” од Неле Карајлиќ, Србија

Петок, 10 Мај 2019

11.00-12.00

ПРОМОЦИЈА /ЕДУКАМАК

Наслов: „ШАРЕН ДЕТСКИ СВЕТ“- (книга за деца)

Автор: Васка Јовановска

Промотори: Проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска, Изабела Новотни и  децата од детската градинка „13 Ноември“ Општина Центар -  Скопје.

12.00-13.00

ПРОМОЦИЈА/ТОПЕР

Хана Филдинг

13.30 – 14.30

ФЕНИКС

Врачување на наградите за најдобра литературна и ликовна творба на на тема:„Биди дете“; Најдобри есеи и читатели – шампиони!

14.30 – 15.30

ПРОМОЦИЈА/ ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ 88

Наслов: „ПИРАМИДА ОД КАЛ“ од АНДРЕА КАМИЛЕРИ

Преведе од сицилијански: ЈУЛИЈАНА СИНАДИНОВСКА

Промотор: ЅВЕЗДАН ГЕОРГИЕВСКИ

16.00-17.00

ПРОМОЦИЈА/БАТА ПРЕС

„ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА“ - Претставување на проектот поддржан од ЕУ и Креативна Европа и најава за објавување на десет книги од врни европски автори.

17.00 -18.00

ПРОМОЦИЈА/ТРИ

Промоција на книгата Стаклените деца од Кристина Улсон

Гостин: Кристина Улсон

Промотор: проф. д-р Весна Мојсовска-Чепишевска

18.00 – 19.00

ПРОМОЦИЈА/АРС ЛАМИНА

Промоција на книгата „ Костурите на округот Медисон ” од Ведрана Рудан, Хрватска

Сабота, 11 мај 2019

11.00 – 12.00

ПРОМОЦИЈА/ ЕДУКАМАК

Наслов: „Врти од А до Ш“

Автор: Елена Стојчевска 

Промотори: проф. д-р Мито Спасевски и проф. д-р Елизабета Бандиловска

12.00 – 13.00

ПРОМОЦИЈА /ЕДУКАМАК

Наслов:  „ДЕБИ МУ ГО РАЗБУДИ БУВЧЕТО“

Автор: Жаклина Мучева

Промотор:  м-р Татјана Гоговска

13.30 – 14.30

ПРОМОЦИЈА/БАТА ПРЕС

Наслов: „КНИГА ДОСТАПНА СЕКОМУ достапна секому“ и претставување на „Бруклин“ од Колм Тојбин

14.30 – 15.30

ПРОМОЦИЈА/ ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ 88

Наслов: „ПРЕПОЛОВЕНИОТ ВИКОНТ“ од ИТАЛО КАЛВИНО

Превод од италијански: проф. д-р. АНАСТАСИЈА ЃУРЧИНОВА

Разговор со преведувачот: проф. д-р ЛИЛЈАНА УЗУНОВИЌ

15.30 – 16.30

ФЕНИКС

Врачување на наградите: „Орфеј“ на Никола Вуколиќ и „Големиот принц “на „Киро Донев“

17.00-18.00

Доделување на награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ)

18.00 – 19.00

ПРОМОЦИЈА/ТРИ

Промоција на книгата „Нема и нека не ни има“ од Едина Сворен

Гостин: Едина Сворен

19.00-20.00

Доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ)

Недела, 12 Мај 2019

11.00 – 12.00

ПРОМОЦИЈА /ЕДУКАМАК

Наслов: „Сонливи приказни од тајната шума“ - книга за деца

Автори: Алма Растодер

Промотори: Проф. д-р Владимир Мартиновски и  проф. д-р Славица Србиновска 

12.30 – 13.30

ПРОМОЦИЈА /БАТА ПРЕС

Промоцијана книгата „Ангелите од Москополе“ од романската авторка Катја Максим и на 4 други + проекти поддржани од Министерството за култура

13.30 – 14.30

ПРОМОЦИЈА на новата книга на Ниче Димовски „Љубов се викам“

14.30 – 15.30

ПРОМОЦИЈА/ФЕНИКС

Промоција на едицијата „Учење низ игра“и списанието „Новкруг“

15.30 – 16.30

ПРОМОЦИЈА/ ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ 88

Наслов: „КИНЕСКИ ДРЕВНИ СКАЗНИ ЗА ДЕЦА“

Приредувач и преведувач од кинески јазик: ЕЛЕНА ДАМЈАНОСКА

Промотори: проф. д-р ЛИЈАО ВЕЈ, директор на Институтот „Конфуциј при УКИМ во Скопје и проф. д-р КАЛИНА МАЛЕСКА

18.00 – 19.00

ПРОМОЦИЈА/АРС ЛАМИНА

Промоција на книгата „Секој полудува на свој начин” од Стефан Чапалику, Албанија

 Понеделник, 13 Мај 2019

11.00 – 12.00

ПРОМОЦИЈА /ЕДУКАМАК

Наслов: „СРЕЌЕН  РОДЕНДЕН“- книга за деца

Автор: Ели Маказлиева

Промотори: Проф. д-р Кристина Николовска и Проф. д-р Анета Баракоска

12.30 – 13.30

ПРОМОЦИЈА/ФЕНИКС

Промоција на книгата „Кога големите беа мали“ подготвена од Христо Петрески

- Соопштување на наградата Ана Франк за 2019 година

18.00 – 19.00

ПРОМОЦИЈА /БАТА ПРЕС

Промоција на бестелерот „Каменувана“  автор  Томас Енгер, Норвешка.

Средби со Томас Енгер, ексклузивен гостин на „Бата прес“



Можеби ќе ве интересира

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“