Добивај вести на Viber
Сите јавни службеници во Словенија денес ќе добијат помала плата, вклучувајќи ја и на премиерот на Словенија, Аленка Братушек.
Словенечката јавна администрација ќе добие помала плата во согласност со договорот за мерки за штедење, кој беше потпишан на 20ти мај.
Платите на државните службеници ќе се намалуваат зависно од рангот на функциите. Некому ќе биде смалена за 50 проценти а на други 4,86 отсто што е и најмалку, пренесуваат словенечките медиуми.
Основната бруто плата на премиерот Братушек ќе се намали за 263 евра, односно ќе изнесува 5.156 евра.
На професофите-ментори платата ќе им биде намалена за 22,28 евра и ќе изнесува 1.715,51 евра.
Додека пак готвачите ќе останат пократки за 4,3 евра, па ќе добијат плата од 853,53 евра.
Рангирањето нема да биде единствен критериум, односно на граѓаните кои добиваат бонус поради академски титули, овој додаток ќе им се намали за 50 проценти.
Воедно, државата во согласност со договорот за штедење, на сите јавни службеници ќе им плаќа помалку за дополнителното пензиско осигурување, додека надоместакот за боледување од 90 отсто ќе се намали на 80 отсто на платите.