Преодната влада веќе не важи, техничките и дополнителните министри во „аут“
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016
Со официјалното соопштување на резултатите кои се преелиминарни од страна на ДИК треба да престане да важи делот од договорот од Пржино кој се однесува на преодната влада.
Со тоа автоматски им завршува мандатот на техничките министри и на дополнителните заменици-министри во неколку министерства.
Штом ДИК официјално ќе ги објави конечните резултати, им завршува мандадот на дополнителните заменици-министри, Оливер Андонов во МВР, Диме Спасов во МТСП, Љупчо Николовски во Министерство за земјоделство и Александар Кирацовски во Министерство за администрација и информатичко општество.
Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом ДИК ќе излезе со официјалните резултати, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски повеќе нема да бидат министри.
Функцијата министри до формирањето на новата влада, по заминувањето на Спасовски и на Ременски, треба да ја преземат актуелните заменици-министри во МВР и во министерството за труд и социјална политика, Агим Нухиу и Ибрахим Ибрахим.
Престанува и мандатот, а во моментов е разрешена и уредничката на МРТВ Санта Аргирова која беше поставена согласно Пржинскиот договор како кадар на СДСМ.