Преовладуваат земји од Европа: Ова се најдобри држави за претприемништво
Објавено во: Финансии 01 Април, 2017 11:52
Држави од целиот свет го промовираат претприемништвото и претставуваат добри услови за бизнис. Ова покажува го индексот на Универзитетот Вартон (Wharton University) и истражувачката компанија Y & R.
Претходно ви претставивме и 10-те земји каде најлесно се стартува бизнис, а меѓу нив преовладуваа европските држави.
Студијата за претприемништвото ги зема предвид факторите како квалитет на животот, отвореноста за бизнис, образовното ниво, професионалните вештини на работната сила, транспарентноста на управување и развој на инфраструктурата.
Еве и земјите кои се во Топ 9 за претприемништво:
9. Австралија
Во Австралија се развива силен стартп екосистем, иако трошоците за стартување на бизнис се релативно високи поради високото ниво на надоместоци. Земјата сепак заработува силен пласман поради добра конекција, развиена инфраструктура и транспарентни бизнис практики.
8. Сингапур
Сингапур со години е сочен како пример за развиена држава со високи стандарди и квалитет на живот, како и одлично место за водење бизнис. Ги додаваме развиената инфраструктура и најдобри транспортни врски.
7. Канада
Високиот резултат се должи на нејзината развиена инфраструктура, транспарентните деловни практики и образованата работна сила. Во 2015 година земјата го претстави иновативниот систем „Стартап Виза“, која прифаќа имигранти-претприемачи со канадски организации од приватниот сектор.
6. Шведска
Нордиската држава вообичаено е на челните позиции поради добрите бизнис практики и високо образованата работна сила. Главниот град Стокхолм е водечки центар на стартап индустријата на глобално ниво.
5. Швајцарија
Една од најбогатите земји во светот, Швајцарија може да се пофали како со образованието и развиените вештини на работната сила, така и со атрактивноста за претприемачите, ниските даночни стапки, лесниот пристап до капитал и добро развиената правна рамка за бизнис.
4. Велика Британија
Само на еден чекор од почесното скалило останува Велика Британија, која е со виоск резултат за развиена инфраструктура, транспортни врски и одлична правна рамка за бизнис.
3. САД
САД е водечки центар за иновации и претприемничка активност во последниве години, особено во светски познатата Силиконска долина во Калифорнија, каде се јавуваат брендови како Facebook и Google. Америка добива полни 10 поени од 10 можни за транспортни врски и лесен пристап до капитал.
2. Јапонија
Јапонија е една од земјите со највисоко ниво на образование и технолошки напредок, што пак ја прави многу атрактивна за претприемачите. Таа добива 10 поени за инфраструктура.
1. Германија
Германија е најдобра земја за претприемништво поради високо развиената инфраструктура, одличните транспортни врски, со работна сила со одлични вештини и обезбедува лесен пристап до капитал.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





