Преполовена наплатата на патарина во Македонија
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2020
Јавното претпријатие Државни патишта за второто тромесечие од годината собрало 5,2 милиони евра помалку пари од патарини во однос на истиот период лани поради корона-кризата, покажува тукуштообјавениот квартален извештај за месеците април, мај и јуни.
- Во споредба со истиот период од 2019, приходот врз оваа основа е помал за 40,29 отсто, односно за 252.461.204 денари, се вели во тримесечниот извештај на Државни патишта, додека останатите два од трите најголеми приходи - акцизите од горивата и регистрациите на возилата, остануваат стабилни, односно речиси непроменети како и минатата година.
„Државни патишта“ во вториот квартал планирал да собере 750 милиони денари на наплатните рампи, но есапот поради вирусот Ковид-19 не излегол како што било планирано, па на крајот биле собрани само 374.175.000 денари, односно двојно помалку од она што било анализирано. Приходите во ланските април, мај и јуни пак изнесувале 626.635.000 денари.
За разлика од наплатата на рампите за патарина, приходите за регистрација на возила и од акцизите од горивата остануваат стабилни, односно пандемијата не влијаела негативно. Од акцизите биле собрани 720 милиони денари, или само 28 милиони помалку споредбено со истиот период лани. Од регистрација (патна такса) биле инкасирани 405 милиони денари, односно само 13 милиони помалку година за година.
Вкупните приходи остануваат исти како и ланскиот период од 1 април до 31 мај и се движат околу 2,16 милијарди денари. Кај трошоците се намалиле платите па така биле потрошени 52,55 милиони денари за 484 вработени, додека лани биле потрошени 63 милиони денари за 466 вработени.
Инвестирањето од странски кредити се зголемило од 623 милиони денари на една милијарда. За овој период за автопатот Кичево - Охрид финансиран од Ексим Банка биле потрошени 290 милиони денари.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.