Прераспределби го тресат Основен суд-кој се најде на удар?
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017 15:01
Вистинска чистка се случува во Основниот суд Скопје 1.
Медиумите пренесуваат дека институцијата која треба да ја изнесува правдата на виделина прави прераспределби на судиите.
Имено, судиите кои прифаќаа барања на СЈО се прераспоредени, за бомбите ќе судат Панчевски, сопруга на функционер од ВМРО-ДПМНЕ и Лидија Петровска.
Татјана Михајлова в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 направила прераспоредување на судиите кои долги години биле во Кривичниот суд Михајлова ги преместила во Судот за прекршоци.
Медиумите пишуваат дека меѓу прераспоредените се и Весна Димишкова, судијка која даде наредба за претрес на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање, која е прераспоредена во одделот за малолетници, судијката Славица Андреева која ја замрзна сметката на фирмата Финзи и одреди притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, како и 13 судии кои се потпишаа на петицијата против екс претседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски.
Во Судот за прекршоци е преместена и судијката Оља Ристова која кажа дека Кривичниот совет е ненадлежен да одлучува дали незаконски прислушуваните материјали може да се користат како докази за постапките на СЈО.
Судија во одделот за организиран криминал, каде што се судат предметите на СЈО станува експретседателот на Основниот суд, Владимир Панчевски, судијката Лидија Петровска чие име се споменува во бомбите на СДСМ, како и Моника Бахчовановска, сопруга на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




