ПРЕСМЕТАНИ СЕ ЗАГУБИТЕ: Светскиот туризам во колапс
Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Јуни, 2020
Поради пандемијата, туризмот во светот има загуба од 195 милијарди долари.
Вирусот го намали бројот на меѓународни пристигнувања од почетокот на годинава до крајот на април за 44 проценти во однос на истиот период лани, објави Светската туристичка организација (UNWTO).
Податоците покажуваат дека до крајот на април, туризмот во Азија и Пацификот бил најтешко погоден со 51 процент помалку странски туристи од минатата година. Европа е на второ место со намалување од 44 проценти.
Зад нив е Блискиот Исток со пад од 40 проценти, Америка со 36 проценти, додека во Африка имало 35 проценти помалку меѓународни туристички пристигнувања од лани.
Во земјава исто така има штети по туризмот, така што над 700 туристички водичи остануваат без проходи поради коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.