15 Мај, 2024
0.0279

Пресметано колку милијарди ќе чини денуклеаризацијата на Северна Кореја

Објавено во: Свет 07 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Експертите предупредуваат дека ќе бидат потребни десетина година за целосна демонтажа на нуклеарната програма на Пјонгјанг Експерти за контрола на оружје проценуваат дека ако биде постигнат договор меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун на средбата на 12-ти јуни во Сингапур, уништувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја може да трае една деценија и ќе чини околу 20 милијарди долари.

„Макотрпната работа се` уште не е започната, и ќе бидат потребни напори од страна на САД, Јужна Кореја, Јапонија, Кина и Северна Кореја. Тоа ќе биде долгогодишен процес“, вели Дерил Кимбал, извршен директор на Асоцијацијата за контрола на оружјето со седиште во Вашингтон.

Се проценува дека Северна Кореја има 20 до 80 нуклеарни боеви глави, како и илјадници балистички проектили кои можат да бидат лансирани од мобилни рампи. Во последниве години беа тестирани и ракети кои можат да бидат лансирани од подморници.

Со толкав обем на нуклеарен арсенал, целта на САД за целосна, неповратна и проверлива денуклеаризација, би можела да чини околу 20 милијарди долари, се вели во студијата спроведена од професорот на Универзитетот Кукмин, Квон Хјук Чул.

Квон својата проценка ја базирал делумно на поранешните нуклеарни договори со Северна Кореја и искуството од Украина која го демонтира нуклеарниот арсенал по падот на Советскиот сојуз во 1990-тите години.

Освен тоа, би биле потребни и дополнителни 10 милијарди долари економска помош, за да се убеди раководството во Пјонгјанг целосно да се откаже од нуклеарната програма и да се помогне во транзицијата на 3-10 илјади работници кои треба да се преквалификуваат во други, цивилни професии.


Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?