Преспанско езеро ќе блесне со нови плажи до почетокот на сезоната
Објавено во: Македонија 05 Март, 2015
Две нови модерни плажи долги 600 метри ќе го збогатат Преспанското Езеро .
Се планира до средината на јуни годинава да бидат уредени а лоцирани се кај населбите Стење и Сливница. Инвестицијата изнесува 77 милиони денари и треба да придонесе за заживување на туризмот во препанскиот регион.
Плажите ќе имаат многу содржини, игралишта за одбојки, фудбал, бадминтон,... шанкови, и целосно ќе бидат покриени со нов песок со што, според Јанакиески, се очекува Сливница и Стење да бидат подеднакво атрактивни и за домашни и за странски гости.
- По повеќе децениска стагнација на туризмот во Преспа веќе се работи на нешто што ќе придонесе за развој на оваа гранка што по редот на нештата ќе биде носечка во развојот на стопанството во овој регион, истакна градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Покрај во плажите, ќе има вложувања и во обнова на регионалниот патен правец Битола-Буково и локалниот пат до Стење. Без инфрастуктура, беше истакнато, нема ни гости.
Како што информира Јанакиески, добиен е позитивен одговор од Светска банка за реконструкција на овој патен правец при што ќе се објави јавен повик за истиот за изградба и реконструкција, а ќе се реконструира и самиот локален пат што води до самата плажа.