Престанува продажбата на Windows 7
Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2014
Microsoft најави дека продажбата на три верзии на Windows 7 оперативниот систем орестанува, а дека низ OEM ќе остане достапен само Windows 7 Professional.
Од 1 ноември Windows 7 Home, Windows 7 Premium и Windows 7 Home Basic престануваат, а во циркулација уште некое време ќе биде Windows 7 Professional, кој е доста скап поради напредните карактеристики и посебни сервиси кои ги има во себе. Professional верзијата ќе се инсталира низ OEM програм на новите компјутери, додека инсталацијата на споменатите три верзии на Windows 7 целосно ќе престанат.
Оваа одлука нема да влијае на достапноста на новите Windows 7 компјутерим бидејќи според зборовите на Softpedijа, произведувачите уште имаат залихи на тој оперативен систем, но од 2015 година се очекува помала испорака на компјутери и уреди со Windows 7 . Од 2015 година Microsoft целиот напор ќе го вложи во промоција и унапредување на Windows 10 оперативниот систем, кој би требало да се појави во втората половина на годината.
Windows 8, исто така повеќе не е достапен, а на располагање ви е Windows 8.1, кој може да се инсталира и без претходна Windows 8 инсталација.
Овој оперативен систем во октомври направи голем пробив на пазарот па со 6,5 одсто застапеност скокна на околу 11. Тоа е последица на конечното отфрлање на Windows XP и премин на Windows 8.1.