ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДОМ, МАЈА МОРАЧАНИН: Францускиот предлог за нас не е прифатливо решение
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 12:13
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за НоваТВ вели дека францускиот предлог не е прифатливо решение, зашто не нуди можност за почнување на преговори со ЕУ.
„Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ. Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.
Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со С. Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, вели Морачанин во интервјуто.
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




