19 Декември, 2025
0.0461

Претседателката Сиљановска Давкова го прими регионалниот директор на Меѓународната организација за миграција за Европа и Централна Азија, Алексоски

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2024 13:41

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила Драган Алексоски, в.д. регионален директор на Меѓународната организација за миграција за Европа и Централна Азија.

„На средбата беше разговарано за соработката на македонските институции со Меѓународната организација за миграција и можностите за нејзино продлабочување, за областите во миграциската политика на кои треба да им се даде приоритет, како и за претстојните иницијативи и активности на организацијата предвидени за нашата земја.

Изразувајќи благодарност за континуираната посветеност и поддршката од  Меѓународната организација за миграција почнувајќи од 1999 година, претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на меѓусебното партнерство во градењето на капацитетите за управување со миграцијата, граничната контрола и поддршката на ранливите групи“, информираа од Кабинетот на претседателката Давкова.

На средбата биле разменети мислења за можностите за продолжување на соработката во однос на програмите за трудова миграција, кои ја олеснуваат интеграцијата на мигрантите и го зголемуваат нивниот придонес во националниот развој, како и за можностите за јакнење на соработката во областа на обезбедување на здравствени услуги за мигрантите. Во таа насока бил изразен интерес и за соработка на планот на одржливи стратегии за ублажување на ризиците од климатските миграции и управување со миграцијата предизвикана од климатските промени.

На средбата, претседателката била информирана и за улогата на Меѓународната организација за миграција во спречувањето на насилниот екстремизам и програмите за реинтеграција и рехабилитација на вратените странски терористички борци и нивните семејства.

Претседателката ги реафирмирала посветеноста на земјата во управувањето со легалната и нелегалната миграција, во унапредување на институционалните капацитети и хармонизација на легислативата со меѓународните стандарди, како и напорите за соодветен одговор и управување со кризи на национално ниво и во регионални рамки.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот