ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ, ДОМАЌИН НА НЕФОРМАЛНОТО (КОКТЕЛ) ДРУЖЕЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА НА ДУБАИ МОХАМЕД АЛИ РАШЕД ЛУТА
Објавено во: Економија 22 Септември, 2025 09:55
Во хотелот Александар палас, во организација на
претседателот Азески, целиот бизнис тим од Дубаи, бизнисмените од Македонија
присутни на средбата и владиниот тим кој ќе учествува на работните средби по
повод посетата на делегацијата во земјава, ќе присуствуваат на заедничко
неформално дружење под менторство на претседателот на СКСМ.
По работната средба што ќе се одржи во Владата на РСМ на која претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски ќе ја предводи работната средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи Мохамед Али Рашед Лута, за целата бизнис делгација од Дубаи, но и за македонските бизнисмени и владиниот тим присутен на формалната средба во зградата на Владата, претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески ќе биде домаќин на неформалното (коктел) дружење во хотелот Александар Палас.
Целта на посетата е да се испитаат можностите за соработка со македонските компании, како и потенциіалот за инвестирање во земјава. Претставниците на Стопанската Комора од Дубаи се заинтересирани за неколку сектори од нашата економија: енергетика, рударство и минерални суровини; земјоделство, шумарство и водостопанство; култура и туризам; дигитална трансформација.
ПР Објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“





