23 Ноември, 2024
0.0331

Претседателот Азески ќе учествува на Евро-Азиски самит во Истанбул во организација на Светската Коморска федерација

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе учествува на Евро-азискиот Самит што се одржува на 15 и 16 октомври во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). 

Регионалните самити на WCF ги обединуваат членовите на глобалната мрежа на стопанските комори на WCF, со цел глобалните предизвици и можности да се согледаат преку еден поширок регионален објектив.

Овој клучен настан има за цел да ги обедини највисоките претставници од коморите, деловните лидери, експертите и засегнатите страни од јавниот и приватниот сектор да разговараат за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени , да ги истражат најновите случувања за климатските промени и да ги нагласат проактивните мерки што Коморите и бизнисите ги преземаат за справување со климатските ризици, користењето технологии за одржлив развој и циркуларна економија, прашањето за декарбонизација итн. Ќе има и можности за вмрежување со деловни делегации од различни земји во регионот, преку B2B средби.

На самитот на Светската федерација на комори за Европа и Азија, коморите кои го претставуваат деловниот свет ширум светот ќе ги финализираат своите ставови за климатските промени пред Самитот Б20 и Г20 во Бразил на 24 октомври и самитот COP29 во Баку на 11 ноември, разговарајќи за можностите за нула емисии, климатски технологии и иновации и финансирање на климатските промени. 

Во рамките на овој Самит ќе се одржи и првиот состанок на Советот на жени при коморите во рамки на WCF, на кој од Стопанската комора на Северна Македонија ќе учествува д-р Елена Милевска Штрбевска, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Комората. 

На настанот е најавено учество на над 700 претставници од стопанските комори и бизнис-делегации ширум светот. Со тоа, преку коморското поврзување, бизнисмените од преку 40 комори и држави ќе имаат можност да разменат искуства за најновите предизвици во современото деловно работење и остварат деловна соработка преку организираните бизнис-средби.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија