Се гаси уште една голема германска компанија
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2024
Уште една традиционална германска компанија прогласи банкрот. По 200 години постоење „Шумаг АГ“ стана несолвентен, а банкротот остави стотици работници без работа.
Компанијата Шумаг е специјализирана за прецизна технологија, и е позната по своите производи „Made in Germany“.
Тие ја снабдуваат индустријата за моторни возила, медицинската технологија и технологијата на уреди, а познати се по највисок квалитет, пишува магазинот Феникс. Тие прават прецизни делови со дијаметар од 0,3 до 60 милиметри кои се направени од нерѓосувачки челик и обоени метали и се задолжителни елементи за многу индустрии.
Оваа германска компанија најголемемиот дел од продажба го оствари на меѓународните пазари. Германските медиуми јавуваат дека на 22 септември непознати лица ја нападнале нивната корпоративна мрежа и ги хакирале сите податоци, па сега плановите за реструктуирање станале неважечки.
Поради тоа, раководството на Шумаг поднесе барање за независно управување со несолвентноста до надлежниот окружен суд во Ахен.
На работниците ќе им се исплаќаат плати во наредните три месеци.