ПРЕВЕДУВАЧИТЕ КАТЕГОРИЧНИ: Нема основа Бугарите да го спорат македонскиот јазик
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020
Преведувачите кои преведуваат од македонски на бугарски јазик и обратно, велат дека тоа што одредени структури во Бугарија го спорат македонскиот јазик е политички, а не реален проблем.
Двата јазика како што објаснуваат, имаат одредени сличности, но имаат и доста разлики. Судските преведувачи имаат полни раце работа. Преведуваат изводи, дипломи, договори, фактури и ред други документи. Судски преведувачи кои преведуваат на бугарски јазик има ширум државата. Дел од нив се разорачани и сметаат дека никаков нивни апел и порака за посебноста на јазикот нема да помогне и нема да допре онаму каде треба да допре. Дел од нив велат дека во Бугарија се користи терминиот „адаптација на македонски јазик“.
Изминатиот период имаше повеќе контроверзни изјави во соседна Бугарија, во кои македонскиот јазик беше нарекуван дијалект на бугарскиот јазик. Бугарската академија на науките, имаше изјава во која македонскиот јазик го нарече „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“.
„Јас дипломирав во Бугарија и веќе 8 години работам. Граматиката е темелно различна, има различни букви, акцентирањето е различно. Нема основа да се спори јазикот. Ако некој јазик го разбираме, не значи дека е ист јазик“, вели Сања Павлов, судски преведувач.
Собранието на МАНУ на 3 декември лани усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик.
Секоја година одреден број на книги се преведуваат од македонски на бугарски јазик.
„Сум превела два романи од македонски на бугарски јазик. Се бараат преводи на документи, магистерски трудови, докторски дисертации. Штом постоиме ние како преведувачи, и има потреба од превод, тогаш нема зошто да се спори дека се тоа два различни јазици“, вели Билјана Темелкова, судски преведувач.
Од македонска страна повеќе пати беше нагласено дека македонскиот народ и јазик се реалност.
Македонскиот јазик е историски факт и е потврден на меѓународно ниво од 1974 година, изјави шефот на државата, Стево Пендаровски во мај годинава.
Неизвесно е дали Македонија ќе ги почне преговорите со Европската Унија затоа што има најави за вето од источниот сосед.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.