Презакажан пресот на СЈО, детали за новите истраги во 12
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Прес-конфeрeнцијата на Специјалното јавно обвинителство која денеска требaше да се одржи во 11 часот, е презакажана за 12 часот.
Од кабинетот на јавната обвинителка, Катица Јанева информираа дека пресот се презакажува.
Денеска ќе бидат обелоденети детали за две нови истраги, кои најверојатно се поврзани со економски криминал.
СЈО најверојатно ќе ги обелодени сомневањата за криминални активности поврзани со „Сончев град“, случај кој го истражува повеќе од пет месеци и проектот „Скопје 2014“.
Деновиве СЈО заплени документација од Министерството за култура, а вчера влезе во УБК за да утврди кој прислушувал во Македонија.
Заменик министерот за внатрешни работи, Оливер Андонов преку Фејсбук статус денеска за 11 часот најави прес во МВР.
Следете нè, ќе имаме видео во живо од пресот на СЈО.