18 Декември, 2025
0.0742

ПРИФАТЕН ПРИГОВОРОТ НА ЖИТЕЛКА НА СТРУГА: ДИК со нови одлуки вечерва, еве што треба да прават граѓаните кои поднеле приговори

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2025 20:59

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на продолжението на 147. седница отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден. 
Отфрлени како неосновани беа приговорите на Аријета Селими од Сарај, на Бесар Селими од Сарај, на Ќеримка Селимовска од Сарај и на Егзон Исмаили од Сарај бидејќи по проверката било утврдено дека сите овие лица се запишани во избирачкиот список. 
Членовите на ДИК едногласно го прифатија приговорот од лицето Хазред Бизари од Струга, кое поднело приговор за заштита на лично избирчко право и лични документи, а по проверката било утврдено дека го нема во избирачкиот список, а исполнува услови.
Ова лице утре ќе гласа на избирачко место број 1899 во општина Струга. 
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко рече дека овие лица на кои ќе им биде прифатен приговор со себе задолжително да го носат решението на избирачко место за да им биде овозможено да гласаат. 
Членот на ДИК Ангелчо Ристов апелираше до граѓаните кои сакаат да гласаат утре да се проверат во избирачкиот список јавно достапен на страната на ДИК и во Општинската изборна комисија. 
Посочи дека голем број од приговорите кои се поднесени за заштита на лично избирачко право се поднесени од граѓани кои веќе се запишани во избирачкиот список и со вакви дејствија службата, како што рече, непсоредно пред одржувањето на изборите е фокусирана на постапување по приговори од лица кои веќе се запишани во избирачки список. 
Членовите на ДИК на седницата едногласно одобрија уште едно барање за издавање акредитација за набљудување на изборите за еден меѓународен набљудувач од организацијата „Београдски форум за свет рамноправних“. 
Од ДИК потсетија дека сите акредитирани набљудувачи, домашни и сите учесници во постапката се должни да ги носат своите беџови кои ги имаат за лична идентификација и при вршењето на своите функции како набљудувачи задолжително да го почитуваат 
Кодексот од правилата на набљудување на изборите и изборната постапка, кој го има донесено ДИК. Членовите на ДИК ја изгласаа и одлуката за доделување авансни средства за вработените во ДИК кои се ангажирани за враќање на доверливиот материјал, тоа се уредите за биометриска идентификација на гласачите. 
Претседателот на ДИК Кондарко информира дека 147. седница ќе биде отворена до утре, кога ќе информираат дали се пристигнати уште приговори за заштита на лично избирачко правo.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија