03 Јули, 2024
0.0297

ПРИХОДИТЕ ОД ДДВ ПАЃААТ: Дали ќе биде неминовен ребаланс?

Објавено во: Економија 30 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Владата ќе почека уште еден до два месеци за да види како ќе се одвива темпото на реализација на планираните приходи, а потоа ќе одлучи дали ќе има реабланс на Буџетот. Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека сегашните податоци упатуваат на раст на вкупните приходи. “Не можам да прецизирам, но потребно е да се почека еден до два месеци за да се видат резултатите и на приходната и на расходната страна. Засега приходите се нешто над планираните за три до четири проценти, но има разлики во структурата на приходите, така кај некои има раст а некои приходи имаат потфрлување во однос на планираното. Дали ќе има ребаланс ќе зависи од резултатите во следните месец, два“, вели министерот Ставрески. Според најновите податоци од Министерството за финансии, заклучно со март, односно по завршување на првиот квартал од годинава во Буџетот се оствариле вкупни приходи од 614 милиони евра, на расходната страна се одлеале, односно потрошиле скоро 717 милиони евра, а буџетскиот дефицит во овој период изнесува 102 милиони евра. По основ на ДДВ, за три месеци се реализирале приходи од 151 милион евра. Според министерот за финансии, токму кај овој данок, кој има најголем удел во буџетските приходи е регистрирано намалување во однос на прокециите. “Во однос на планираните приходи, намалување има кај приходите од ДДВ, кај кои нивото е нешто пониско во однос на планираното, додека кај данокот на доход и персоналниот данок има зголемување“, вели министерот. По најавите за зголемени плати за полиција, зголемување на социјалната помош од 5% на 10%, најава за 100% обештетување од поплавите, повисоки ученички и студентски пензии, дел од економистите оценија дека притисокот врз Буџетот ќе расте и дека Владата ќе мора да обезбди доплнителни средства за да ги финанисира сите овие ветувања кои имаат директни буџетски импликации. “Во сегашниот веќе испланиран буџет е предвидено зголемување на платите за 5%, сега се најви раст на платите за полицијата до 20%. И социјлната помош ќе се зголемува двојно од планираното. Сето ова значи и нов дополнителен трошок за Буџетот, кој не е планиран. Сметам дека негаде во мај, јуни Владата ќе мора да направи ребаланс на Буџетот за да може да обезбеди пари за овие непланирани трошоци. Со ребалансот, прво можно е прераспределување, односно пренамена на пари од проекти кои не се реализираат за ставките кои сега ќе се зголемат. Но сепак, и покарј ваквите можни пренамени, за да се финансираат овие нови трошења, неминовни ќе бидат нови задолжувања“, оценува професорот Предраг Трпески. Економистите веќе предупредија дека ребалансот на буџетот може да води кон две сценарија, прво да се зголеми буџетскиот дефицит, кој сега изнесува 3,8%, што ќе значи нови задолжувања, и втро, да се посегне по кратење од едни ставки и прокети за да се обебедат парите што недостасуваат. Сепак, експертите велат дека во состојба на почнати прокети и веќе испланирани средства до поледно евро, тешко дека Владата ќе има фисклаен простор за кратење. Министерот за финансии не споменува нови задолжувања, туку вели дека дел од недостаокот на пари ќе се обезбеди од вишокот на приходи. “За сите најавени мерки, претходно пред да се соопштат, се направија  добри анализи за тоа колку средства се потребни и од каде ќе се обезбедат.  Дел од средствата, односно оние кои се помалку, ќе се обезбедат од внатрешните заштети а дел од вишокот на приходи“, вели министерот Ставрески. Според сегашните буџетски проекции за годинава само по основ на плати и надоместоци за буџетарите се планирани скоро 400 милиони евра, сума во која веќе е планирано зголемувањето на платите за администрацијата за 5%. Но, за да се реализираат и сегашните планови за трошење, најпрво ќе мора да се остварат проекциите за буџетските приходи, велат економистите. Дополнително, според нив, овие најави се случуваат во период кога Владата засилено се задолжува од домашните кредитори, што упатува на опасноста дека можни се потфрлања во планираните приходи. Имено, само минатиот месец државата на домаше терен се задолжи со 241 милион евра, а планираше да позјами скоро 120 милиони евра, што значи дека се задолжила двојно повеќе во однос на првичниот план. Во истиот месец, по основ на доспеани долгови Владата врати 178 милиони евра, при што наместо намалување на задолженоста, таа во март се зголеми за 63 милиони евра. Овој мартовски тренд , според економистите може да биде сигнал дека буџетот се соочува со ликвидносни проблеми.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца