ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Непознат човек го нападнал Никола Димитров додека пазарел
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2024
Екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во својот најнов статус на Фејсбук сподели непријатна случка.
Вели дека го нападнал непознат човек, кој според него најверојатно бил политички мотивиран. Димитров истакна дека, иако како јавна личност е свесен за критиката, не може да толерира кога таа ескалира во агресија и закани, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција.
Димитров предупреди на растечкото насилство и нетолеранција во македонското општество, кои, според него, произлегуваат од атмосфера на неказнивост.
фото Фејсбук/Никола Димитров
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.